Home » За нас » Кариерен Центар во ОСТУ ,,Наце Буѓони”

Кариерен Центар во ОСТУ ,,Наце Буѓони”

1000614653   1000614654

И оваа учебна година, исто како лани, продолжуваме со полна пареа!
Изборот на иднината никогаш не бил поважен, но затоа ти не мора да го правиш тој чекор сам/а. Кариерниот центар во нашето училиште е тука да ти понуди насока, сигурност и поддршка кога ти е најпотребна.
💡 Што точно прават нашите кариерни советници?
Работата на нашите советници секојдневно се фокусира на тоа да ти помогнат да се откриеш себеси и да го избереш вистинскиот пат:
👨‍🏫Индивидуално кариерно советување: Разговори еден на еден каде што можеш да ги разгледаш своите интереси, таленти и можности за иднината (избор на факултет, професија или насока).
📑Развој на практични вештини: Помош при пишување на прво CV, мотивациско писмо, подготовка за интервју за работа или пракса, и учење како ефективно да се претставиш.
📩Информации за пазарот на труд и стипендии: Запознавање со актуелните трендови, можностите за пракси, волонтирање, стипендии и тренинзи.
📚Работилници и обуки: Организирање интерактивни настани за тимска работа, лидерство и развој на социјални вештини.
Зад секој успешен чекор стои тим кој верува во тебе:
✅️Нашите кариерни советници, Магдалена Трајановиќ и Михајло Петковски, и оваа година се тука со отворени врати за секој од вас.
👥 Запознај го Тимот за кариерно советување: педагог Кетрин Михајловиќ,психолог Весна Анѓеловиќ,социолог Елизабета Трајковска,дефектолог Симона Трајковска и координатори за УПР Новица Ѓорѓевски и Бобан Максимовски.
Срцето на нашиот центар се и нашите активни ученици-волонтери! Тие се твојата врсничка поддршка – секогаш насмеани, полни со свежи идеи, спремни да ти помогнат, да те насочат и да те вклучат во сите наши интересни активности. 🤝
#иученистручен #најдобриидевутехничку