Home » Uncategorized » „Наце Буѓони“ воведе онлајн настава за своите ученици

„Наце Буѓони“ воведе онлајн настава за своите ученици

90527358_151317556145868_2294893290740252672_n

Наставниците од ОСТУ „Наце Буѓони“, во интензивна комуникација со своите ученици, уште од минатата седмица започнаа со настава преку интернет платформи со таква функција, за сите струки и профили.

Е-училниците наидоа на добар одзив кај учениците, кои во најголем број на случаи успешно ја следат наставата во живо безбедно, во своите домови. Нивните наставници на секој можен начин преку интернет исто така им ги доставуваат потребните материјали за учење, вежбање, одговарање, домашни работи, е-учебници и се што е потребно во вакви специфични услови при опасноста која демне од пандемијата со корона вирусот.

Министерот за образование Арбер Адеми најави и дека од утре, среда 25.03.2020 почнува далечинско учење за сите ученици. Владата воведува прва национална платформа за далечинско учење. Унифицираната платформа е наречена „Е-училница“, а се изработува во моментов од Бирото за развој на образование (БРО) и УНИЦЕФ.

Платформата, чија употреба е едноставна, ќе понуди видео-лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни лекции. Видео-лекциите ќе бидат од 15 минути и придружени со презентација, нарација и објаснувања од наставник/наставничка.

Е-училницата ќе биде достапна на www.eduino.gov.mk.