Home » Uncategorized » „Наце Буѓони“ – добитник на Еразмус + проектот од областа на електроенергетиката

„Наце Буѓони“ – добитник на Еразмус + проектот од областа на електроенергетиката

Logo1Logo2Logo3

Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово доби грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за реализација на проект под името: „Стручно образован кадар-темел на современата индустрија – Professionally Educated Staff-Foundation of the Modern Industry“ од програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилност на поединци за целите на учење.

Проектот се одвива моментално во Поморие, Република Бугарија и во него учествуваат 12 ученика од електротехничката струка, од профилот електротехничар енергетичар. Придружувани се од нивните ментори, нашите наставници Александер Цветков и Новица Ѓорѓевски, како и од претставникот на нашиот партнер – Центарот за европски иницијативи (CEI) од Стара Загора, Р. Бугарија – извршниот менаџер Красимира Каменова, при што изразуваме и посебна благодарност до нивниот член Лидија Ѓорѓевиќ за целокупното залагање и работата на проектот.

Учениците имаат можност да посетат институции и фирми од областа на електроенергетиката, како EVN, Sodicom – која има соларна централа и најсовремени машини за изработка на делови за авиоиндустријата и за разни реномирани фирми,  да посетат објекти на кои се изведуваат работи од истата, како изведба на лифтови, поставување на фотоволтаични панели, да го посетат локалното стручно училиште од истата струка, да изведуваат разни активности поврзани со програмата на Еразмус+ и на крајот – да ги посетат соседните приморски градови Бургас и Несебар и да уживаат во благодетите кои ги пружа морето.

Сите нивни активности можете да ги проследите на сликите од прилогот: