На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 3 мај по 38-ми пат во СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола, нашето училиште постигна извонредни резултати.
На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :
Даниел Јовановски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар енергетичар)
Ментор: Александер Цветков
Члирим Месини – II место во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Ментор: Халим Мисини
Србо Николовски – II место во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Ментор: Дафина Митковска, Катерина Ѓорѓиевска, Жаклина Тошиќ
Стефан Тошиќ – III место во теоретско знаење од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Виолета Младеновска, Биљана Стојковиќ Спасовска, Стефче Анастасовски
Ана Марија Ковачевска – Пофалница во теоретско знаење од машинска струка (Машинско -енергетски техничар)
Ментор: Предраг Додиќ, Слаѓан Ѓорѓевиќ
Ердем Саити – Пофалница во теоретско знаење од машинска струка (Машинско -енергетски техничар)
Ментор: Рамадан Ќазими
Бојан Божиновски – Пофалница со изработен труд од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Јелена Поп Глигорова
Данило Гишевски – Пофалница со изработен труд од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Ненад Ставревски
Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.