Денеска беше потпишан договор за официјална соработка помеѓу ЈЗУ Општа болница Куманово и ОСТУ „Наце Буѓони“ за учебната 2026/27 година, во рамките на дуалните паралелки.
Оваа соработка, под раководство на директорите Драган Јаневски и Сашо Стошевски, има за цел да овозможи практична настава на учениците во реална болничка средина, каде ќе стекнуваат современи знаења и практични вештини, под менторство на стручни медицински кадри.
Веруваме дека оваа иницијатива претставува значаен чекор кон развивање на компетентен и квалитетен кадар, кој ќе придонесе за унапредување на здравствениот систем и образовната заедница во Куманово и пошироко.