Home » Uncategorized » Одбележан ,,Денот на здравјето”

Одбележан ,,Денот на здравјето”

Messenger_creation_2D01EC0F-E712-4B86-B43C-21EDCBA4B26CПо повод  7ми Април – Денот на здравјето, денес успешно реализиравме акција во Соколански парк.

Учениците од здравствената струка – идни медицински сестри, во соработка со Здружението на дијабетичари, вршеа мерење на крвен притисок и шеќер во крвта кај нашите сограѓани.Учениците спроведоа анкета меѓу населението за животните навики кои се застапени меѓу популацијата која денес беше во паркот.

По повод денот на здравјето беа оддржани и едукативни работилници и панел дискусија на различни теми од областа на медицината.

Заедно придонесуваме кон подигнување на свеста за здравјето и превенцијата.

Овогодинешното мото за Светскиот ден на здравјето:
„Заедно за здравјето. Застанете зад науката!“

Науката е темел на здрави заедници – преку знаење, едукација и превенција создаваме подобра и посигурна иднина за сите.