Во пресрет на одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот учениците од трета и четврта година,здравствена струка имаа акција со мерење на гликемија и крвен притисок кај корисниците од Дом за стари лица Зафир Сајто Куманово . Акцијата беше организирана од страна на Здружението на дијабетичари Куманово,во соработка со ОСТУ Наце Буѓони и Дом за стари лица Зафир Сајто.Секоја година нашите ученици учествуваат во акциите со мерење на виталните параметри со цел подигање на свесноста кај граѓаните за здрава и правилна исхрана.
Дијабетесот може да се третира и неговите последици да се избегнат или да се одложат со диета, физичка активност, лекови и редовни прегледи и лекување за компликации.