Home » Uncategorized » Одржана работилница на тема:”Превенција на насилство – ресурси и стратегии за ефективни мрежи на соработка во локална заедница”

Одржана работилница на тема:”Превенција на насилство – ресурси и стратегии за ефективни мрежи на соработка во локална заедница”

На 19.06.2024год се одржа еднодневна работилница на тема: “Превенција на насилство – ресурси и стратегии за ефективни мрежи на соработка во локална заедница”. На обуката присуствуваа претставници на наставници, родители и стручни служби од 4 средни училишта вклучени во проектот ( “Наце Буѓони” “Гоце Делчев” “Перо Наков” и “Киро Бурназ”) како и раководител и советничка Александар Јовановиќ и Оливера Трајковска од Сектор на образование од Општина Куманово. Учесниците покажаа голем интерес во работа низ интерактивен пристап на теми: фактори за насилство, форми и видови насилство, идентификација на насилник, жртва и сведоци, последици од насилство, техники на ненасилна комуникација, емоционална писменост и разработка на идеи за организирање на активности во училиштата за превенција на насилство.

Обуката е во рамки на проектот “Неми сведоци”поддржан од “Екуменска иницијатива жена” Хрватска, а го реализира Здружение “Доверба” Куманово.