Home » Uncategorized » ОСТУ ,,Наце Буѓони” активен учесник во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата II фаза“

ОСТУ ,,Наце Буѓони” активен учесник во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата II фаза“

Во рамки на проектот: „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата II фаза“ кој во рамките на своите активности го работи невладината организација “Центар за граѓанска иницијативи” од Прилеп и е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија се работи на развивање на локални иницијативи – претворање на идеи во активности. За време на летниот камп учениците развија неколку локални иницијативи во мали проекти. На почетокот на учебната година учениците организираа еднодневна презентација на идеи пред нивните врсници во училиштата кои гласаа за избор на иницијатива што сметаат дека најдобро понатаму ќе се спроведува и ја избраа иницијативата за мини теретана во новата спортска сала. Инаку со младите работат психологот Дивна Јанкова и педагогот Наташа Сиљаноска Савиќ. Проектот младите го презентираа пред директорот Драган Јаневски кој им даде сесрдна подршка за реализација на активностите. Како што истакнаа ученичките Марија Ѓорѓиевска и Јована Пауновска во проектот ќе се работи за подобрување на нивното физичко здравје и затоа добро би било во нашето училиште да има мини теретана која ќе можат да ја користат сите ученици. Многу ученици немаат можност финансиски да си дозволат да користат приватна теретана, така да ова е добра прилика истата да ја користат бесплатно учениците од социјален ризик. Овој проект се одржува веќе втора година во училиштето и во рамки на истиот претходната учебна 2020/21 година беа набавени нагледни средства за медицинскиот кабинет.242325292_396352161992806_2049020067376113648

242504121_974975549718652_751473277105718099_n