Видеото „Кумановска младина во чекор со европските достигнувања“ е дел од активностите на ЕУ Инфо точка при Општина Куманово, Финансирано од Делегацијата на Европската унија во Скопје и е објавено на официјалната страна на Општина Куманово. Видеото е посветено на 12 млади амбасадори од градот, кои со своите достигнувања оставаат белег во развојот на научниот, културниот и социјалниот живот. Меѓу нив заслужено е и Гала Арсовска ученичка од нашето училиште ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово, која со своите истражувања и иновации успешно го претставува нашиот град и нашето училиште и е добитник на повеќе награди на државни и интернационални натпревари.
Видеото може да го проследите на следниот линк за истото ЕУ СО ТЕБЕ.