Home » Uncategorized » Продолжува имплементацијата на проектот #3forECO

Продолжува имплементацијата на проектот #3forECO

img3forEco

 

Во периодот од 29.01.2020 до 01.02.2020 нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“ со своја делегација присуствуваше на церемонијата за потпишување на меморандумот за соработка на еколошко-културен проект во Травник, Р. Босна и Херцеговина. 

Таму заедно со партнерските училишта католичката гимназија „Петар Барбарин“ од Травник – Р. Босна и Херцеговина и економското-трговско училиште од Кикинда – Р. Србија, започна со имплементација на проектот „# 3forEco“ финансиски поддржан од програмата на RYCO.

Ова е еколошко-културен проект кој има за цел преку мобилност на младите од трите држави со одредени активности да допринесe во зачувување на нашата планета Земја.

Проектот требаше да започне во март со активности во Куманово, а потоа да продолжи во Кикинда и во Травник, но поради состојбата предизвикана од пандемијата со КОВИД – 19 регионалниот проект продолжува со малку изменета програма. Членовите на проектните тимови од трите училишта беа дел од обука за што поквалитетна подготовка за претстојните активности.

Обуката под назив Дигитални алатки во служба на зајакнување на регионалната соработка ја водеше Ивана Волф, професионалец од областа на ИТ технологијата. Една од клучните теми на обуката беше претставување на алатки за одржување на видео конференции, обуки и средби, како и алатки кои може да се користат за меѓусебно запознавање на младите од различни земји.
Проектот #3forECO со своите активности започна нов развоен пат кој ќе продолжи со организација на патувања за младите во своите земји – учесници во проектот, а ќе имаат можност и да учествуваат во повеќе онлајн обуки посветени на дигиталните технологии и заштита на околината.

Организаторите на проектот изразија благодарност до нашето училиште за активна соработка и учество во подготовка на активностите.