Home » Uncategorized » Проект за меѓуетничка интеграција на младите во обрзованието „Здрава храна и спорт за правилен раст и развој“

Проект за меѓуетничка интеграција на младите во обрзованието „Здрава храна и спорт за правилен раст и развој“

345875734_991982822181979_6114583132086739481_n

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во обрзованието, на 17.05. 2023г. , успешно е реализирана уште една активност: „Здрава храна и спорт за правилен раст и развој“. Учениците, наставниците и родителите од двете партнер училишта ОСТУ „Наце Буѓони“ и ССОУ “Коле Неделковски”- Велес од Куманово ја посетија парк – шумата Гази Баба во Скопје, каде имаа предавање за видови физичка активност и вежби за јакнење на мускулите и коските.
Презентирани беа основните намирници за исхрана, пирамидата на исхрана, користа од редовната физичка активност и здрава исхрана. Реализирани беа антропометриски мерења (висина, тежина, подвижност во зглобовите, мерење на масно ткиво). На присутните им беа поделени прашалници, кратки брошури. Потоа учениците се упатија кон Турбето на Гази Баба кое се наоѓа на врвот од ридот. Во него е погребан кадијата на Скопје и поет познат кај народот како Гази (Кади) Баба, според кој овој локалитет, поточно ридот, го добил своето име Гази Баба. Локалитетот располага со различни видови дрвја и грмушки кои придонесуваат да се формира интересен природен амбиент, кој има повеќенаменско значење. Овој локалитет е интересен за спортски активности, како и за научни истражувања. Останатиот дел од денот учениците го искористија за прошетка во Скопје, посета на градските молови, заеднички дружби и меѓусебно запознавање.