Home » Uncategorized » ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

На 02.10.2024 год. успешно се реализираше заедничка активност на двете партнер училишта ОСТУ “Наце Буѓони “– Куманово и ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски”- Велес. Во рамки на настанот 36 ученици и 12 претставници на наставници и стручна служба од различен етнички состав се запознаа најнапред со важноста на фер пристап во играта во спортот. Потоа во опуштена атмосфера следеше пријателски натпревар во фудбал. Учениците со своите професори го посетија Народниот музеј во Куманово во кој ги разгледаа експонатите од различни периоди како: ископини, предмети за домаќинство и занаетчиство, накити, оружје ,носии и др.од Општини Куманово,Старо Нагоричане и Липково. На крај завршија со заедничка прошетка низ Куманово.