Во ОСТУ” Наце Буѓони” на 23.09. 2024 и 27.09.2024 се одржаа презентации во прва и втора смена во рамки на проектот “Неми сведоци ” кој е поддржан од Екуменска иницијатва жена – Омиш за промоција на ,,Центар за поддршка на ученици”. На промоцијата на Центарот за поддршка на ученици од страна на обучени ученички на 64 ученици претставници на Ученичка заедница, и на Безбедни училишта им се претставија начини и можности за поддршка на жртви на насилство и ги потикнаа заедно со нив да се вклучат во Центарот за поддршка на учениците.Честитки за успешните презентации на Јасна Трајковиќ, Елена Јордановска,Тамара Јосевска, Ивона Петровска и Мила Јовановска од трета година и на Бисера Трајковска и Нина Арсиќ од четврта година.
Home » Uncategorized » Промовиран првиот ,,Центар за поддршка на ученици” во нашиот град