Home » Uncategorized » Промоција на прва стихозбирка ,,Ловец на соништа” на ученичката Ана Љубиќ

Промоција на прва стихозбирка ,,Ловец на соништа” на ученичката Ана Љубиќ

DSC_6298

Нашата ученичка, Ана Љубиќ, од III8 клас имаше промоција на 26ти март на својата прва стихозбирка ,,Ловец на соништа” која содржи  59 песни.

Таа пишува уште од детството и редовно учествува на сите конкурси поврзани со литератирата и пишаниот збор, иако нејзината струка е сосема нешто поразлично. Љубовта е подеднаква со медицината и поезијата, и таа мисли дека двете се сосема  се одлична комбинација која нејзе ја исполнува.

Нејзината промоција беше одржана во Центар за Култура Трајко Прокопиев, со голема посетеност, и заинтересираност за она што може да напише млада личност со неполни 18 години.

Промоторка на збирката беше Оливера Доцевкса, а збор зеде и нејзиниот класен раководител Лидија Цветкова , наставник по македонски јазик и литература.

Лидија рече дека го предава најубавиот предмет и дека мајчинот јазик е нешто посебно , а Ана ја пронашла мотивацијата и во жена како својата класна.

Оливера пак беше изненадена , бидејќи и таа не знаеше како ќе се одвива промоцијата.

Вели ,, Ана е едно вистинско изненадување, Ана има душа, но и уште нешто детско во себе, но нејзините стихови ветуваат уште поголем успех”.

На промоцијата учествуваа претставници од Аматерскиот театар Куманово во кој и Ана беше член, и играше во две представи.  Тие рецитираа стихови од збирката, директно од публиката кога никој не очекуваше, потоа момче и девојка си кажуваа еден кон друг љубовни стихови.

Исто така Ана бидејќи одеше на латино танц, одлучи со својот партнер да одигра Виенски валцер. Тоа никој не го очекуваше, и целата вечер беше потполно изненадување и уживање.

Потоа следеа коментари и прашања до Ана како се тоа таа го смислила?

Навистина како ?

,, Не сакав едноствано, ниту пак исто со некој, не ги сакам долгите промоции во кои сме облеани со стихови и само стихови, од кои почнува да ни здосадува, сакав на луѓето да им биде интересно и убаво, да уживаат во времето кое го оделија и присуствуваа на мојата промоција, а со тоа мојот сон стана реалност, уживав и јас, сите ги чувствував блиски, ми дадоа подршка и затоа многу им благодарам”

Ова е само почеток на Ана, таа ги стави темелите, сега во план има уште нови книги, но не само поеѕија, туку и проза, исто така има и Комедија напишано на кумановскиот дијалект за која се надева дека но најскоро време ќе биде поставена на сцената па ќе можете слатко да се насмеете и поминете убаво време .