Согласно Правилникот за начинот на полагање и оценување на учениците на Завршен испит во стручното образование (Сл. Весник на Р.М.бр.45/08) вонредните ученици од завршните години кои исполнуваат услов да полагаат завршен испит во августовскиот испитен рок во учебната 2019/2020 година треба да се пријават на 10.07.2020 година во училиштето од 10 до 12 часот.
Учениците кои ќе полагаат Завршен испит треба да пријават:
- Македонски јазик и литература или албански јазик и литература
- Стручен предмет се бира од Листата на стручни наставни предмети за полагање на завршен испит
- Проектна задача од областа на струката
Вонредните ученици кои ќе полагаат ЗАВРШЕН ИСПИТ во учебната 2019/2020 година треба да уплатат на следната сметка:
Назив на седиште на примачот ОСТУ „ Наце Буѓони“ Куманово
Банка на примачот НБ на РМ
Трансакциона сметка 100000000063095
Износ 3.100, 00
Сметка на корисник 7410105746787 13
Приходна шифра 723013 N2
Цел на дознака Уплата за полагање –завршен испит
- 14.08.2020 година- краен рок за предавање на проектна задача на кандидатите до училишна матурска комисија
Претседател на Училишната матурска комисија: Драган Јаневски