На 15ти и 16ти мај ученици и професори од нашето училиште учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираат ФЕИТ-ФАБЛАБ и компанијата Логинг Електроникс во рамките на проектот „Технологија за Тебе“.
Работилницата содржеше предавања и дискусии, а за учениците имаше и дополнителен натпревар во програмирање на роботи за пратење на линија и избегнување препреки.
Во текот на работилницата, учениците и менторите добиваат нови идеи и знаења, прават спецификации за потребната опрема и нови вежби за донација која ја добиваат од Логинг Електроникс.
На оваа работилница учество земаа 11 средни училишта од РСМ, а тимот на ОСТУ,,Наце Буѓони” го сочинуваа 4 ученици: Вељко Аџиќ, Марио Анѓеловиќ, Меланија Додевска, Ива Манасиевиќ и 3 наставници: Марјан Спасиќ, Јелена Поп Глигорова и Ненад Ставревски.