Home » Uncategorized » ,,Трка за мир” во ОСТУ ,,Наце Буѓони”

,,Трка за мир” во ОСТУ ,,Наце Буѓони”

На атлетската патека на нашето училиште вчера се одржа “Трка за мир” на која учество земаа над 90 учесници од 4 средни училишта вклучени во проектот  “Неми сведоци”: Гимназија “Гоце Делчев”, СОУ “Перо Наков”, ОСТУ “Наце Буѓони” и ДСУ-РЦСOO “Киро Бурназ”.

Младите најпрвин со свои тела  испишаа НЕ БИДИ НЕМ СВЕДОК со што дадоа поддршка на своите другари да се вклучат во Центрите за поодршка на врсници кои веќе се отворени во 3 средни училишта со што активно ќе работат на надминување на потиснување на проблемот со врсничко насилство од било каква форма: психичко, физичко и социјално исклучување.

На настанот се приклучија и корисниците на “Порака наша”, како и Претседателка на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, Секретар на општина Александар Гелевски, Ракоководител на сектор за образование Александар Јовановиќ, советници при Совет на Општина Куманово, директор на училиштето Наце Буѓони, професори, членови на стручна служба и бројни врсници од 4-те средни училишта од мешан полов и етнички состав .

Благодарност до сите што го збогатија настанот и ја поддржаа идејата за помош на жртви на насилство.
На трката од 60 и 200 метри поединечно за машки и женски немаше победник -сите заедно сме поддршка на идејата.
Проектот е поддржан од Екуменска иницијатива жена Хрватска.