На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 4 и 5ти мај по 40-ти пат во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид, нашето училиште постигна извонредни резултати.
На натпреварот учествуваа стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :
Милан Сарафимовски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар енергетичар)
Ментор: Зоран Милановски, Александер Цветков, Драган Митиќ
Марио Анѓеловиќ – Пофалница во теоретско знаење од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Стефче Анастасовски, Биљана Стојковиќ Спасовска, Јелена Поп Глигорова
Стефан Шутевски- Пофалница во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Ментор: Катерина Ѓорѓиевска, Дафина Митковска, Жаклина Тошиќ
Дејвид Трифуноски и Филип Павловски – Пофалница со изработен труд од електротехничка струка (Електротехничар енергетичар)
Ментор: Александер Цветков
Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.