Денот на здравјето, 7 Април, учениците од здравствената струка во нашето училиште традиционално го одбележаа со посета на Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” со презентација на презентации направени од учениците од четврта година и мерење на крвен притисок. Учениците беа под менторство на професорките Магдалена Трајановиќ, Мартина Богатиновска и Катерина Арсовска Димиќ.
Оваа посета е реализирана во склоп на Меморандумот за соработка, кој беше потпишан оваа година меѓу двете институции.