Минатата недела, од 30 ноември до 2 декември 2022 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, по две години пауза, се одржа натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од нашата држава, поделени во 2 категории.
На натпреварот учество земаа две ученички од нашето училиште, Ива Митевска и Нина Додиќ, кои се четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Учениците се натпреваруваа во две категории:
Категорија 1: АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА – IV место за тимот на Ива Митевска
Учесниците во оваа категорија се натпреваруваа во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи, со цел роботите самостојно и најбрзо да решат зададени задачи (избегнување препреки, следење патека, паметно паркирање ). Ментор: Јелена Поп Глигорова
Категорија 2: ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА – VII место за тимот на Нина Додиќ
Учесниците во оваа категорија се натпреваруваа во развој на алгоритам за извршување на специфична задача (детектирање и туркање на препреки) и негово имплементирање во соодветен програмски јазик за вградлива Arduino платформа. Ментор: Јелена Поп Глигорова
Освен натпреварувањето, овој настан имаше и едукативен карактер бидејќи професори и експерти одржаа предавања за основните принципи на роботиката и вештачката интелегенција. Учениците имаа можност да споделуваат знаења, како со наставниците така и со другите натпреварувачи, тимски да работат и најважното – можност за работа со вистински роботи.