Home » Uncategorized » Ученици од ,,Наце Буѓони” повторно во посета на техничко училиште MOSTEM – Турција

Ученици од ,,Наце Буѓони” повторно во посета на техничко училиште MOSTEM – Турција

31729656_1768269543232657_5966989023670861251_n

Во периодот од 25 до 29 Април учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово повторно беа во посета на техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса, РепубликаТурција.

16 ученика и 2 наставника имаа прилика да отпатуваат во Маниса, Турција и да се дружат со учениците од MOSTEM. Нашите ученици имаа прилика да ги посетат лабораториите на училиштето и да посетуваат практична и теоретска настава, со цел да ги спознаат сличностите и разликите во образовниот процес.

Сместувањето кај ученици од Турција им овозможи да спознаат нови културни обичаи, да доживеат како изгледа секојдневието на свој врсник во друга држава.

При посетата, учениците имаа прилика да ја посетат фабриката VESTEL – оваа година ги посетија фабриките за фрижидери и машини за перење. Невообичаена беше влегувањето во тест – комори, со екстремно топли и ладни услови кадешто ги тестираат производите.

Се оствари средба и со претседателката на индустриската зона во Маниса, г-ѓа Фунда Караборан, која несебично ја поддржува соработката помеѓу двете училишта. Како знак на поддршка, претседателката на нашето училиште му подари пневматска постројки, на која учениците ќе имаат прилика да изведуваат вежби за практична настава.

Туристичкиот дел од патувањето опфати посета на Измир и Алачати.

Следно е посета на учениците од MOSTEM, која се очекува да биде во текот на месец Октомври 2018.