Во организација на здружението „Доверба“ на 17.02.2022 и 18.02.2022 се одржа обука на средношколци од ОСТУ „Наце Буѓони“ за решавање на конфликти преку ненасилна комуникација и медијација.
Активноста е дел од проектот „ Обединети во мирот“, кој започна месецов, а ќе трае до август годинава. Средношколците ги обучуваа тренерите за ненасилна комуникација и медијација, Дивна Јанкова и Надица Петровска.
Видео од активноста може да погледнете тука.