Home » Uncategorized » Филип Насковски, ученик во ОСТУ „Наце Буѓони” е македонскиот претставник на интернационалниот MOS натпревар и продолжува на светскиот натпревар во Орландо, Флорида

Филип Насковски, ученик во ОСТУ „Наце Буѓони” е македонскиот претставник на интернационалниот MOS натпревар и продолжува на светскиот натпревар во Орландо, Флорида

Филип Насковски, ученик во IV година во ОСТУ „Наце Буѓони” е македонски претставник на интернационалниот MOS натпревар, кој наредната година ќе се одржи во Орландо, Флорида.

Насковски во конкуренција на 15 финалисти освои прво место во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13-22 година во Македонија.

На светскиот натпревар ќе учествуваат повеќе од 120 земји во светот.

Според организаторите дигиталните вештини добиваат сé поголемо значење во новонастанатите услови.

Поддржувач на натпреварувањето е и  Општина Куманово, која обезбеди бесплатни испити со што ја поддржа и промовира дигиталната писменост кај младите генерации.

Натпреварот се одржува петта година по ред.

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint.

Веќе од следниот месец, почнуваат тестирањата за следниот циклус на националниот MOS натпревар 2020/21. Победникот од овој натпревар, ќе патува заедно со победникот од оваа година на светското финале во Орландо, САД. Од Certiadria ги повикуваат сите заинтересирани млади лица на возраст од 13-22 години да работат на развој на своите дигитални вештини, да се пријават на овој натпревар и да добијат можност да ја претставуваат нашата држава на ова незаборавно патување во САД.

F2121697265_826781961402326_8870518416091548006_o

                          Нашиот ученик Филип Насковски со менторот Марјан Спасиќ