По повод Светскиот ден на науката, во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, на 10 Ноември се одржа петтата по ред изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници, под мотото „Квалитетно образование – наука за одржлива иднина за сите”.
Нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” ја имаше честа да ги претстави трудовите од учениците Милан Поповски и Дамјан Петровски:“Мешалка на обоени раствори” и “Модел на Холограм”.