Во нашето училиште „Наце Буѓони“ оваа година се одржа традиционалната прослава на Бадник во рамките на проектот „Безбедни училишта“. Прославата е во рамки на проектот кој од 2012 година се реализира од СВР Куманово и ОБСЕ во соработка со локалната самоуправа. На прославата имаше претставници од тимовите за безбедност од МВР, ученици, наставници, многу гости од локалната самоуправа на градот и од другите училишта.
Овој голем христијански прзник се одбележа со празничната трпеза подготвена од домаќините, а не изостана и делење на погача со паричка.
Сите присутни беа поздравени од директорката Лидија Михајловска која ја поздрави идејата за ваквото заедничко прославување на верските празници на Македонците, Србите, Албанците, Ромите и даде поттик за нејзино понатамошно продолжување.
ОСТУ „Наце Буѓони“по втор пат е домаќин на прославата од почетокот на проектот.