На 16.09.2016 година во нашето училиште „Наце Буѓони“ се одржа тестирање на учениците од Куманово за американска стипендија од YES програмата и една година престој во Америка. Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од другите градови од регионот.
Во првиот круг се тестираа 168 ученици, а дури 67 од нив поминаа во вториот круг. Полагањето го организираше невладината организација Американски совети, а за 6 месеци ќе се знае кои ученици биле најдобри и во август ќе заминат во Америка.
Home » Uncategorized » Се одржа тестирање за YES програмата