На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 5 мај по 36-ти пат во Кочани, нашето училиште постигна извонредни резултати.
На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :
Никола Алексовски – I место со изработен труд од машинска струка
Слободан Крстевски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка
Милош Соколовски – II место со изработен труд од електротехничка струка
Кристијан Арсовски – III место во теоретско знаење од машинска струка
Дамјан Илиевски – III место во теоретско знаење од електротехничка струка
Марио Јовановски – со пофалница за изработен труд од електротехничка струка
Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.