На 03.10. 2017 година во нашето училиште „Наце Буѓони“ се одржа тестирањето на учениците од Куманово за YES програмата спонзорирана од Американската амбасада во Македонија.
Оваа програма за младинска размена обезбедува стипендија за најдобрите, неколку учесници – средношколци , да поминат една академска година во САД. На ова тестирање беа пријавени 181 ученик, од кои 85 ученика успешно го поминаа првиот круг на тестирање. Истиот ден се одржа и вториот круг на тестирање, а резултатите се очекуваат да бидат објавени.
YES програмата ги охрабрува и лицата со посебни потреби да учествуваат во оваа неа. На годишно ниво околу 15 ученика се поканети реку аваа програма да поминат една академска година во САД.