Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес успешно реализираше уште една од многубројните активности кои се реализираат шеста учебна година по ред.
Овој пат учениците од двете партнер училишта од мешан етнички состав заедно со одговорните професори и родителите ја посетија фабриката „Маркард“ при што беа запознаени со процесот на производство во оваа фабрика, а и имаа можност да го видат процесот на произвидство на прекинувачи, сензори и конролери за автомобилска индустрија. Потоа се реализираше работилница со учениците од електро струка на која ќе изработат спратна разводна табла и арматура за лед осветлување.