Нашето училиште ОСТУ„Наце Буѓони“ по повод 24 Мај – Денот на просветителите по осми пат го организираше традиционалниот технички саем „TEСHNOSCIENCE 2012“ на трудови, вештини и знаења кај деветооделенците.
Настанот се одржа на 28.05.2019 год. со почеток во 10 ч. во просториите на училиштето. Учество земаа 13 основни училишта од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане, со околу 120 ученици-учесници.
Учениците од основните училишта се претставија со своите трудови од областа на информатика, програмирање, физика, математика, биологија, екологија, хемија, историја и други природни науки како и со изработка на презентации во IMPRESS и спортски активности (скок во далечина и атлетика).