Во рамките на „Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието” нашето училиште во партнерство со ССОУ„Коле Неделковски“ – Велес на 16.10.2019г успешно ја реализираше третата активност од добиениот грант од МОН. На оваа активност земаа учество вкупно 28 ученици од прва и втора година од двете училишта со мешан етнички состав, членови на тимот за училишна интеграција, родители и одговорни наставници по спорт и спортски активности.
На работилницата со тема: „ Како да станеш успешен лидер “ учениците избраа крал и имаа можност да искажат што очекуваат од избраниот крал, имаа активности за слепо водење од лидер, диригент следење на лидер и зајакнување со импулс. Потоа во парови ученици од мешан етнички состав играа различни спортски игри. Дружбата заврши со кратка прошетка во Велес.
Home » Uncategorized » Успешно реализирана трета активност во рамките на “Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието”