Денеска ОСТУ „ Наце Буѓони“ беше домаќин на проектот за вмрежување, организиран од Образовниот центар на баварско стопанство ( bbw gGmbH) од Германија, во соработка со локалниот економско социјален совет, општина Куманово, локалните претпријатија и претставници на советот на родители од училиштето.
На настанот беше претставено дуалното образование во Германија и Македонија, како и предностите кои тоа ги овозможува како на учениците така и на претпријатијата.
Повеќе детали од изјавата на директорот Драган Јаневски за ТВ Плус може да слушнете тука.