Вчера, 21.10.2025год. учениците од четврта година кои изведуваат практична настава во ЈЗУ Општа болница Куманово, во соработка со персоналот од Гинеколошко одделение, реализираа активности посветени на подигнување на свеста и едукација за важноста на превенцијата и раното откривање на карциномот на дојка.
Карциномот на дојка претставува еден од најчестите и најсериозни здравствени предизвици кај жените. Сè почесто се појавува и кај помлада возраст, што уште еднаш ја потврдува потребата од редовни самопрегледи, лекарски контроли и здрав животен стил.
Раното откривање спасува животи!