Home » Активности » Одржана едукативна работилница на тема „Сајбернасилство – ризици и заштита“

Одржана едукативна работилница на тема „Сајбернасилство – ризици и заштита“

На 25.02.2026 година во нашето училиште се одржа едукативна работилница на тема „Сајбернасилство – ризици и заштита“, во која учествуваа ученици од втора година. 

Работилницата ја одржа училишниот правобранител Андријана Јакимовски и заменик Ива Насковска, во соработка со стручната служба. Преку интерактивни активности, дискусија и анализа на реални ситуации, учениците имаа можност да разговараат за последиците од дигиталното насилство, одговорното користење на социјалните мрежи и значењето на пријавување на несоодветни содржини.

Работилницата придонесе кон јакнење на дигиталната писменост, емпатијата и одговорноста кај младите во онлајн просторот.