Home » Активности » Завршна манифестација на ликовниот и литературен конкурс „Глас без граници“

Завршна манифестација на ликовниот и литературен конкурс „Глас без граници“

На 23 март во Младинскиот Центар MultiКулти – Куманово се одржа завршна манифестација на ликовниот и литературен конкурс „Глас без граници“, распишан по повод Светскиот ден на поезијата. Настанот беше исполнет со мултиетничка атмосфера, се читаа стихови на македонски, албански и српски јазик, и имаше изложба на прекрасни ликовни творби.

Нашата ученичка Дарија Трендафиловска од III-9, под менторство на професорката Лидија Цветкова, освои прва награда за литературна творба на македонски јазик.

ОСТУ „Наце Буѓони“ продолжува со успесите!