Home » Articles posted by Јелена Димовска (Page 8)
Author Archives: Јелена Димовска
„Еко-училиште“
Програмата ,,Еко-училиште” е еден од проектите на едукативната програма ,,Немаме резервна планета” и има за цел стекнатото знаење на темата животна средина да се примени и во пракса. Преку оваа програма ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница на темата заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот. Нашето училиште, ОСТУ ,,Наце Буѓони” е еко-училиште од учебната 2011/2012 година.
Американска стипендија за средношколци од програмата „Yes“
На 21.09.2015 година во нашето училиште „Наце Буѓони“, 134 средношколци полагаа за добивање на американска стипендија од програмата „Yes“ и една година престој во Америка. Тестирање за оваа стипендија се изврши во четири центри во државата и тоа во Скопје, Куманово, Штип и Струга.
Известување за 02.07.2015
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ОСТУ “Наце Буѓони” има чест да ги покани на еднодневно дружење за меѓусебно запознавање сите ученици кои се примени во првиот и вториот круг од конкурсот за запишување во средни училишта.
Настан од ваков тип за прв пат се организира на територијата на општина Куманово и веруваме дека ќе разбуди интерес кај младата популација. (more…)
Училишен натпревар по Македонски јазик
На 04.03.2015 година во нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” се одржа училишен натпревар по Македонски јазик, на кој учествуваа 11 ученици од трета година. Најдобрите од овој натпревар ќе одат на регионален натпревар.
Ден на детето
ОСТУ ,,Наце Буѓони” во соработка со Х.З. ,,Мајка” го одбележа ,,Денот на детето” на 20 Ноември 2014 година со изложба на гратскиот плоштад. Беа претставени цртежи од учениците кои ги симболизираат правата на децата и борбата за еднаквост на сите деца во светот.
Недела на детето
ОСТУ ,,Наце Буѓони” во соработка со Х.З. ,,Мајка” ја одбележа ,,Недела на детето” во Октомври 2014 година со мировен марш на гратскиот плоштад кој симболизираше детско вовче.