Home » Почетна » Известување за 02.07.2015

Известување за 02.07.2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ОСТУ Наце Буѓони има чест да ги покани на еднодневно дружење за меѓусебно запознавање сите ученици кои се примени во првиот и вториот круг од конкурсот за запишување во средни училишта.

Настан од ваков тип за прв пат се организира на територијата на општина Куманово и веруваме дека ќе разбуди интерес кај младата популација.

Настанот ќе се одржи на 02.07.2015 (четврток) во периодот 11:00 – 16:00, на базенот во с. Орашац. Настанот има за цел да овозможи на новите средношколци од училиштето да се запознаат меѓу себе на неформален начин преку игри, дружење, музика. Новите ученици ќе земат учество на настан организиран од Училишниот Парламент на ОСТУ Наце Буѓони и да се запознаат со професорите коишто ќе им предаваат и ќе ги водат по патот на науката во претстојните 4 години.

Училишниот Парламент веќе има искуство со организирање на слични настани, како “Technoscience”, “Игри без граници, хуманитарни акции за собирање на храна и облека за загрозени лица, Новогодишни забави,собирање на стара хартија и многу други.

Училиштето ќе обезбеди превоз за сите ученици. Ги очекуваме сите новозапишани ученици на 02.07.2015 во 11:00 пред училиштето.

Предвидената програма е следна:

11:00-Средба пред училиште
11:30-Тргнување од училиште до базен
12:00-Пристигнување
12:30-Отварање на настанот
13:00
-14:00 Период во кој ќе се изведуваат игрите
14:10-
15:30 Слободни активности
15:45-Прогласување на победник
16:00-Тргнување накај дома

На посетителите им порачуваме да носат со себе:

  • Пешкир

  • Костим за капење

  • Крема за сончање

  • Сендвич (и)

  • Одлично расположение