На 26.04.2025 година во Куманово се одржа Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература.
На натпреварот присуствуваа средни училишта од Куманово, Крива Паланка, Кратово и Пробиштип. Нашата ученичка Мартина Трајановска од III8 и нејзиниот ментор Катерина Пешевска земаа трето место и со тоа обезбедија учество на нашето училиште „Наце Буѓони“ на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје во месец мај.