Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес успешно ја реализираше првата онлајн работилница на тема: Помош во зачувување на емотивно и ментално здравје на учениците за време на КОВИД-19.
Целта на оваа активност е да се помогне на младите луѓе да го сочуваат своето емотивно и ментално здравје и полесно да ја надминат ситуацијата со пандемијата во која се наоѓаме се со цел да нема трајни последици по менталното здравје на учениците.
На оваа активност земаа учество вкупно 28 ученици од двете училишта со мешан етнички состав, членови на тимот за училишна интеграција, родители.
Предавач на оваа работилница беше Дивна Јанкова – училишен психолог во нашето училиште при што присутните ученици, наставници и родители можеа да следат:
- Поим за ментално здравје.
- Промени кои ги донесе пандемијата со КОВИД-19 во секојдневното живеење
- Промени кои ги донесе пандемијата со КОВИД-19 во поглед на ментално здравје
- Како да се справиме со пролонгирана состојба на стрес
Се разговараше и за можни механизми на самоодбрана како и лица за поддршка во тешка состојба на кои може да им се обратат во следниот период.
Проектот МИО ќе ја продолжи соработката со уште две работилници во кои ќе земат учество истите но и нови ученици.