Распоред за полагање на дополнителни и вонредни испити во НОЕМВРИСКА испитна сесија
Распоредот може да го погледнете тука.
Повик до ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” за учество во проект “Work based learning – Учење преку работа”
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека е добиен проектот Work based learning – Учење преку работа во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со училиште СОУ Ѓорче Петров како координатор и училиштата: ОСТУ Наце Буѓони, Куманово и ССОУ Моша Пијаде, Тетово како партнери.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија. (more…)
Успешно реализирана трета активност во рамките на “Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието”
Во рамките на „Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието” нашето училиште во партнерство со ССОУ„Коле Неделковски“ – Велес на 16.10.2019г успешно ја реализираше третата активност од добиениот грант од МОН. (more…)
Ученици од “Наце Буѓони” беа дел од “Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието”
Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на 30. 9. 2019г. училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес успешно реализираше уште една од многубројните активности кои се реализираат повеќе години по ред.
Распоред за полагање на дополнителни и вонредни испити во ОКТОМВРИСКА испитна сесија
Распоредот за полагање на дополнителни и вонредни испити во ОКТОМВРИСКА испитна сесија може да го погледнете тука.
Ученици од „Наце Буѓони“ учествуваа во емисија на тема „За подобро ментално здравје“
Учениците од нашето училиште „Наце Буѓони“ учествуваа во емисија на Радио Бум, која следуваше после неколку одржани работилници на истата тема „За подобро ментално здравје“ . (more…)
Соопштение за вонредни ученици кои се на завршен испит
На вонредните ученици од завршна година кои завршиле со полагање, дипломите од завршен испит ќе им бидат поделени на 03.07.2019 г во 9ч во просториите на училиштето.
Распоред за полагање на испити во ЈУНСКА испитна сесија за редовни и вонредни ученици
Распоредот за полагање на испити во ЈУНСКА испитна сесија за редовни и вонредни ученици може да го погледнете тука.
Распоред на завршни испити за редовни и вонредни ученици
Распоредот на завршни испити за редовни и вонредни ученици може да го видите тука.