Home » Uncategorized » Соопштение за полагање на екстерните испити од државна матура во јунска сесија за 2019/2020

Соопштение за полагање на екстерните испити од државна матура во јунска сесија за 2019/2020

Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија  за учебната 2019/2020 година ќе се реализираат во следниве термини:

30.06.2020 година  – македонски јазик и  литература, албански јазик и литература

01.07.2020 година – странски јазик

02.07.2020 година – хемија, биологија, физика, историја, бизнис

03.07.2020 година – математика

Полагањето на државна матура ќе се реализира во просториите на ОСТУ„ Наце Буѓони“ Куманово, со исклучок на математика кој ќе се реализира во ПСУ „ Нова“ Скопје општина Карпош.

Протоколот за постапување при реализацијата на испитите  од државната матура во учебната 2019/2020 година погледнете го тука.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите кандидати кои ќе полагаат државна матура на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:

  • бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето
  • почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден т.е откако редарот ќе ви дозволи
  • Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама и шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето

При полагањето на испитите кандидатите треба да ги почитуваат правилата кои се објавени  на matura.gov.mk на следниот линк.