На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 6 мај по 35-ти пат во Струмица, нашето училиште постигна извонредни резултати.
На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :
Никола Милановски – I место со изработен труд од машинска струка
Ангела Анчевска – I место со изработен труд од машинска струка
Ангел Јовановски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка
Александар Стоилковски – II место во теоретско знаење од машинска струка
Зоран Пешевски – II место во теоретско знаење од машинска струка
Мердина Нухија – III место во теоретско знаење од машинска струка
Филип Петровски – со пофалница за изработен труд од електротехничка струка
Дарко Антонијевски – со пофалница за изработен труд од електротехничка струка
Марија Спасовска – со пофалница за теоретско знаење од електротехничка струка
Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.