Home » Почетна » ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА КОНКУРСНИОТ РОК ВО ДЕЛОТ НА ДАТУМИТЕ ЗА ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА КОНКУРСНИОТ РОК ВО ДЕЛОТ НА ДАТУМИТЕ ЗА ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 29 јуни 2023 година до 10:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 13:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.