Home » Активности » Во рамките на Проектот МИО реализирана уште една активност со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес

Во рамките на Проектот МИО реализирана уште една активност со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес

60913419_624727418012174_8117029194875011072_n

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес успешно реализираше уште една од многубројните активности кои се реализираат шеста учебна година по ред.

Овој пат учениците од двете партнер училишта од мешан етнички состав заедно со одговорните професори и родителите ја посетија фабриката „Маркард“ при што беа запознаени со процесот на производство во оваа фабрика, а и имаа можност да го видат процесот на произвидство на прекинувачи, сензори и конролери за автомобилска индустрија. Потоа се реализираше работилница со учениците од електро струка на која ќе изработат спратна разводна табла и арматура за лед осветлување.