Home » Активности » Второ место на ликовен конкурс ”Насликав настан”

Второ место на ликовен конкурс ”Насликав настан”

По повод месецот на книгата – октомври и јубилејот 60 години од постоењето на установата, Библиотека ,,Тане Георгиевски– Куманово, распиша литературен и ликовен конкурс на државно ниво. Ликовниот конкурс беше на тема Насликав настан.

На ликовниот конкурс беа доделени една прва награда, две втори и две трети во категоријата средни училишта. Нашата ученичка Бисера Стојковска од класот I-8 доби едно од двете втори места. Ученичката и нејзиниот ментор, Тања Соларска-Темелковски,  беа наградени со диплома и книги од најновите едиции кои ги има Библиотеката.

 

0a39b17e-1aca-4721-a51d-dbeaa75024b1