Home » Uncategorized » Проект за практикантска работа и вработување на лица со попреченост

Проект за практикантска работа и вработување на лица со попреченост

ОСТУ ,,Наце Буѓони” воспостави успешна соработка со УСАИД проектот за практикантска работа и вработување на лица со попреченост уште од самиот почеток на неговото реализирање. Ученици со попреченост се упатуваат да учествуваат на обуки за стратегии за барање на работа. Учесниците на овие обуки се обучуваат како успешно да напишат CV и мотивациско писмо и како да се однесуваат на интервју за работа. Откако нашите ученици ќе го завршат образованието Регионалната канцеларија во Куманово испорачува и директно посредува за нивно вработување.

Успешно реализирање на овој проект во пракса е вработувањето на ученикот Мартин Стефановски во една компанија која е соработник во овој проект.

Мартин е една успешна приказна на која сме горди во ,,Наце Буѓони”.

Дел од неговата приказна може да се погледне тука…