Home » Uncategorized » Добиен грант од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ОСТУ„Наце Буѓони“, Куманово – ССОУ„Коле Неделковски“, Велес

Добиен грант од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ОСТУ„Наце Буѓони“, Куманово – ССОУ„Коле Неделковски“, Велес

Според објавените резултати од Јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2021/2022 година училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово  во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес повеќе години по ред е добитник на грант од Министерството за образование и наука. Со тоа ќе ни биде овозможено и оваа учебна година учениците од двете партнер училишта кои соработуваат веќе девет учебни години, од самиот почеток на проектот да ги реализираат заедничките планирани активности што претставува големо задоволство за учениците, наставниците и родителите на двете училишта.

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Листата на училишта добитници на грант погледнете ја тука.