Home » Uncategorized » Заедничка активност на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Заедничка активност на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието двете партнер училишта ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес на ден 23.11.2022 год. реализираа уште една богата заедничка активност.

Учениците од различна етничка припадност заедно со одговорните професори прошетаа по Старата скопска чаршија и нејзините знаменитости меѓу кои беше и Чифте Амам во која знаменитост беше и старите бањи и нивното функционирање во минатото, а и да ја проследат ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски. Потоа беше разгледана џамијата во чаршијата а беше посетен и Даут – паша амам во која беше поставката: на скулптури во фокус на Илија Аџиевски. Посетена беше црквата Свети Димитрија. Потоа учениците го поминаа Камен мост и прошетаа покрај кејот на Вардар.

Психологот Дивна Јанкова од ОСТУ „Наце Буѓони“  и психологот Соња Пашоска од ССОУ „ Коле Неделковски“ реализираа работилница на тема: „Како е да сум јас“ преку која учениците ставајќи се во кожа на другиот со оштетен вид, слух и говор како и други недостатоци станаа свесни за нивниот хендикеп и потреби од помош и разбирање.

Учениците и наставниците од двете партнер училишта поминаа заедно уште еден прекрасен ден и отидоа збогатени со нови искуства и доживувања со желба за нови истражувања.