Home » Uncategorized » Имате стар телефон/компјутер/лаптоп? Можете да го подарите за некого кому му е навистина потребен

Имате стар телефон/компјутер/лаптоп? Можете да го подарите за некого кому му е навистина потребен

Покренуваме иницијатива за собирање на стари електронски уреди за следење на настава: смарт телефон, лаптоп, таблет и компјутер, кои ќе бидат поделени на ученици од училиштето ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово.

Овие уреди ќе бидат распределени во соработка со стручните служби на училиштето и класните раководители, кои ги имаат информациите за учениците на кои им е најпотребен електронскиот уред.

Уредите може да ги донесете во денови од понеделник до петок (07 -11.12.2020) во период од 8:00 до 18:00 часот, во ОСТУ “Наце Буѓони” (техничко училиште) на главниот влез.

Истовремено започнуваме со собирање на донации за семејството Драгишевски. Повеќе детали на следниот линк.